ЧПП (FAQ)

Општи информации

Како е поделен капацитетот на хостинг корисничките сметки?

 

Корисникот ја управува целата хостинг сметка. Нема стриктна поделба на просторот за веб-сајтови или e-маилови. Но, постои можност за лимитирање на капацитетот на поедини е-маил сандачиња, сепак тоа не е препорачливо, бидејќи често поради “заборавање” на лимитот, се случуваат пријави за проблеми со губење пошта - тоа се должи единствено на фактот што е-маилот се одбива кога капацитетот на маил-сметката е пречекорен.

 

Ништо, бидејќи сите ваши кориснички сметки се без лимити!

 

Секако, нашите DNS сервери, водени од најдобрите пракси, се физички лоцирани на различни локации (во две автономни ASN мрежи), на две различни географски локации, конектирани на Интернет преку линкови од различни провајдери.

 

Нашите хостинг-сервери се најмодерните серверски платформи. Ние не користиме половна опрема. Моментално во нашиот дата-центар се работи речиси исклучиво на машини од Dell и од германскиот бренд ThomasKrenn, и базирани сме на процесори Dual-8 core Intel Xeon и брза меморија. Употребуваме само rack сервери, поставени во нашата сопствена професионална сервер-просторија во Полска (климатизирана, заштитена од пожар, заштитена од губење струја од неколку суб-станици, мулт конекции, физички заштитена и сл.)

-Повеќе информации за сервер-просториите

 

Користиме единствено брендирани решенија и затоа на сите наши хостинг сервери им го нудиме едно од најпопуларните решенија во доменот на хостинг софтверот т.е. американскиот cPanel.

 

Бекапите на целата хостинг сметка се прават секојдневно, поточно во текот на ноќта. Бекапот е трансфериран веднаш после извршувањето на екстерната матрица (одделен тврд диск).

Последните седум бекапи можат да бидат повратени.

Враќањето на податоците е бесплатно. За оваа постапка, пратете порака на hosting@smarthost.eu од авторизираната е-маил адреса со барање за повраќање на копијата од пред определениот датум, со нагласување што треба да биде вратено, на пр. специфичен сајт (каталог), дата-база или сандаче. Исто така, постои можност за враќање на целосната состојба на сметката.

 

 

Да, постои можност за SSH пристап кај сите хостинг сметки, само со исклучок на најмалиот смарт-мирко пакет и пробните кориснички сметки (бесплатни). Можете сами да активирате SSH пристап во Корисничкиот панел.

Технички - SSL сертификати

 

Сите наши хостинг сметки имаат вградено бесплатни SSL сертификати за cPanel брендот. Сертификатите за cPanel се инсталираат автоматски откако ќе се додаде домен во Дополнителни домени во cPanel. Нема потреба да инсталирате сертификат рачно.

Дополнително, можете да инсталирате бесплатни сертификати Let's Encrypt. Инсталирањето на сертификатот е многу едноставно и трае неколку секунди. Сертификатот cPanel го нуди истото ниво на безбедност како и сертификатот Let's Encrypt, па затоа инсталацијата е незадолжителна.

Повеќе детали за SSL сертификатот: https://www.smarthost.mk/free-ssl-certificates-for-all-domains

 

 

Сите Smarthost.mk хостинг сметки имаат стандарден SSL сертификат. Корисникот само треба да додаде домен преку Дополнителни домени во cPanel , и со тоа бесплатниот сертификат ќе биде генериран во рок од 30 минути.

Прашања кои предизвикуваат дилеми и често поставувани прашања:

-не мора да имаш одделни IP за секој SSL сертификат ( можеш да имаш неколку домени на една корисничка сметка и секој ќе може да има свој сопствен SSL сертификат )

-сертификатите се целосно бесплатни, инсталирани и проширени (extended) целосно автоматски. CPanel сертификатите се детектирани од сите веб-пребарувачи

- Опционално, можете лесно да инсталирате Let's Encrypt сертификат, но сепак не е неопходно за стандардната инсталација на cPanel.

 

Ако сакате автоматски да ја пренасочите врската од http на https, додадете ги следниве линии на почетокот од фајлот .htaccess кај каталогот на главниот домен

Без префикс www: 

RewriteEngine On

RewriteCond %{HTTPS} !=on

RewriteRule ^ https://%{HTTP_HOST}%{REQUEST_URI} [L,R=301] 

Со префикс www:

RewriteEngine On

RewriteCond %{HTTPS} off

RewriteRule .* https://%{HTTP_HOST}%{REQUEST_URI} [L,R=301]

RewriteCond %{HTTP_HOST} !^www\. [NC]

RewriteRule .* https://www.%{HTTP_HOST}%{REQUEST_URI} [L,R=301]

Техничка - дата-база

 

На серверите MySQL дата-базата има инсталирано најмалку 5.7.x

 

За конектирање на дата-базата од серверот ставете localhost

Техничка - конфигурација на dns, домени

 

Кога додавате нов домен во панелот cPanel (како секундарен домен "secondary domain" или алиас "Alias"), треба да му се даде на dns серверот ваков домен регистар:

dns.smarthost.eu (IP: 91.211.220.10)

dns2.smarthost.eu (IP: 193.93.88.10)

dns3.smarthost.eu (IP: 94.23.189.130)

 

За додавање домен на хостинг сметка:

1. најавете се во cPanel

додадете домен како додаден домен "addon domain" или алиас "Alias" (за разликите меѓу овие два вида, прочитајте овде)

2. кога доменот е веќе додаден во панелот, ќе биде автоматски додаден и кај нашите dns сервери

3. во домен-управувачкиот панел на регистарот треба да означите дека доменот е на екстерен dns сервер и да ги внесете нашите dns сервери (задолжително два, а третиот - опционално):

dns.smarthost.eu

dns2.smarthost.eu

dns3.smarthost.eu

 

4. доколку доменот се регистрира, треба веднаш да биде видлив. Доколку бил преместен од друг сервер, за неговото целосно пропагирање на интернет ќе треба да се почека до 24 часа.

 

Можете да додадете домен на вашата корисничка сметка на два начини:

1. како "Alias"

2. како "Additional Domain"

Алиас секогаш се однесува на корен-директориумот на www серверот (то ест директориумот public_html).

Додадениот домен може да се однесува на кој било директориум на серверот (исто така и на корен-директориумот од серверот). По правило, при додавањето дополнителен домен, системот препорачува креирање директориум со истото име како домен-името, пр. додавајќи домен customer-domain.eu на корисничката customerdomain.Smarthost.mk стандардно ќе се инсталира следниов директориум customerdomain.Smarthost.mk/customer- domain.eu. Се разбира, директориумот на кој упатува додадениот домен може да се смени и во процесот на додавањето, како и потоа во cPanel.

За поставување е-маил сметки во вашиот домен, двата начини за конектирање домени не се разликуваат.

Технички - конфигурација на www сервер, php и сл

 

Секој корисник може да си прилагоди варијабили php.ini за побарувањата на апликацијата активирана на серверите од Smarthost.mk.

За да ги промените соодветните варијабили, треба во директориумот на страницата да внесете фајл .user.ini (со точка на почетокот) кој ќе ги содржи записите што се потребни.

 

Core фајлови се креираат кога скриптата php или програма во меморијата биле неправилно затворени или прекинати. Тогаш core. фајлови се создаваат и содржат пад на меморијата која може да биде употребена во дијагностицирањето за неправилното работење на апликацијата.

Често Core фајловите се создаваат и поради неправилни директиви во локалните php.ini .user.ini или htaccess фајловите

Core фајловите кои заземаат место на серверот можат да бидат избришани, но самиот факт што се креирани посочува дека нешто не функционира добро со скриптите и треба да се прегледаат пред нивното бришење, со цел дијагностицирање на причината за неправилното работење.

 

По комплетирањето на конструкцијата на веб-сајтот и тестирањето на локален компјутер, постои прашањето за достапноста на Интернет. Затоа подготвивме лесен водич со пример за веб-сајт на Joomla 3.x, кој ќе ве води низ процесот на преместување сајт на далечински сервер. Целосно бесплатна е-книга е достапна на овој веб-сајт.

Технички - FTP конфигурации

Главната сметка ftp е името и лозинката идентични како за админ-панелот cPanel. Оваа корисничка сметка има целосни права врз директориумот public_html, кој е главен директориум за сајтовите, за хостинг сметката.

Со креирањето ftp сметка од cPanel, креирате и корисничко име и лозинка, со што имате пристап до додатниот директориум  (вообичаено се креира директориум со идентично име како и ftp сметката). Возможно е додека се креира ftp сметка да се менува директориумот  на кој сметката се однесува (подетално, може тоа да биде коренскиот директориум (root directory на серверот).
Корисничкото име на ftp сметката секогаш е "login@customer-domain.eu", а не самото име на сметката (т.е. логинот на ftp го содржи доменот)

Технички - конфигурација на e-маил

 

На Smarthost.mk серверите има инсталирано повеќеслојна анти-спам заштита.

-секој е-маил е проверуван од програмата SpamAssassin и пораките кои имаат повеќе од 20 бода (според спецификацијата на SpamAssassin вредност од 20 бода значи дека 100% се работи за спам) се автоматски одбиени.

-секој е-маил е проверуван преку неколку црни листи на RBL (Realtime Black List) вклучително: bl.spamcop.net, cbl.abuseat.org, sbl.spamhaus.org, xbl.spamhaus.org. Сепак, користиме и свој именик со исклучоци од горенаведените листи..

-имаме и сопствена листа на спамери, каде се блокирани нивните IP адреси.

-користиме и верификација на праќачот за да се осигуриме дека доменот на испраќачот постои и сл.

Секој корисник на серверот може да ги подеси правилата во панелот на SpamAssassin програмата, што дозволува, на пример, додавање на зборот *** SPAM *** кај насловот на пораката или едноставно бришење на спамот. Поставките можат да бидат направени за целата хостинг сметка или само за посебни е-маил сметки.

 

Да, секоја дојдовна порака на Smarthost.mk е скенирана за вируси. Инфицираните пораки се автоматски бришани.

 

Да, Smarthost серверите имаат поддршка за port 587 (smtp-submission) за праќање маилови. Port 587 е замислена за праќање маилови од клиентски маил програми, ви препорачуваме да го промените портот на појдовните маилови од стандардното 25 на порт 587.

 

Нема некои посебни ограничувања при праќањето маилови. Повеќето поставки се стандардни за речиси сите маил-сервери. Бројот на пратените пораки е ограничен на 1000 е-маилови на час. Големината на поединечен е-маил беше зголемена од стандардните 50 MB до 100 MB.

 

Конфигурирање на појдовната пошта:

SMTP Port: 587, ако е шифрирано со SSL / TLS (нормална лозинка): 465

Конфигурирање на дојдовна пошта:

IMAP Port: 143, ако е шифрирано со SSL / TLS (нормална лозинка): 993

или

POP3 Port: 110, ако е шифрирано со SSL / TLS (нормална лозинка): 995

 

Вршиме целосен пренос (миграција) за нашите клиенти. Како сакате да се префрлите на нашиот хостинг, ние ќе ги преземеме вашите веб-сајтови и е-маил сметки со сите пораки (вклучувајќи и фолдери imap, доколку биле користени).

Оваа услуга ја нудиме бесплатно.

За повеќе детали: https://www.smarthost.mk/free-hosting-transfer-to-Smarthost

 

Да! За да ги заштитиме нашите клиенти, ги блокиравме датотеките со екстензии од типот .exe или .vbs. Заштитата ќе функционира дури и ако овие датотеки се компресирани.

Финансии, плаќање

 

Нудиме сервис за онлајн плаќање, на пример со кредитна картичка. Процесорот за онлајн плаќање е заштитен преку DotPay.

 

Хостинг пакетот може да биде променет во секое време преку корисничкиот панел: www.smarthost.mk/panel
Со менување на пакетот, автоматски се издава фактура проформа, која ја дава разликата меѓу цените за хостинг пакетите. Деновите кои остануваат до крајот на фактурираниот период, исто така ќе бидат вклучени. Ќе ја платите само разликата во цените и само за делот од годината што преостанува до крајот на пресметковниот период.

Во моментот на плаќање на сметката за пакетот со онлајн плаќање - промената се случува автоматски во моментот на плаќањето.

Заштита на лични податоци

 

Да, нашата компанија има соодветна заштита што е усогласена со стандардите на Општата регулатива за заштита на податоците од 27 април 2016. (на англиски позната како GDPR).

Во случај на зачувување на лични податоци на нашите сервери, во согласност со член. 28 од Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), во секој кориснички панел подготвен е договор за обработка на лични податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR). Договорот содржи пригоден прилог волшебник со категории на податоци кои клиентот ни ги доверува за обработка.

Договорот за регулативата за заштита на податоци (GDPR) исто така содржи норми во однос на така нареченото "потдоверено" - доколку имате личи податоци од вашите клиенти на вашиот хостинг или препродавачка сметка. Дополнително, имаме подготвен договор кој нашите клиенти можат да го склучуваат со нивните клиенти.

Дали може да се потпише договор за заштита на личните податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR)?

Да, и тој е бесплатен, за секој хостинг пакет постои можност да се потпише „Договор за доверување на обработка на личните податоци“ во согласност со член. 28 од Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR).

Во секој кориснички панел подготвен е договор за доверување на обработка на личните податоци кој може да го склучите со нас.

Во секој кориснички панел има подготвен договор за доверување и обработка на лични податоци, што треба да се склучи со нас. Склучувањето на договорот во согласност со одредбите на Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) се врши електронски.

Во договорот има пригоден прилог волшебник во кое се прикажани категоризираните лични податоци кои клиентот ни ги доверува нам.

Договорот за регулативата за заштита на податоци (GDPR) исто така содржи норми во однос на така нареченото "потдоверено" - доколку имате личи податоци од вашите клиенти на вашиот хостинг или препродавачка сметка. Дополнително, имаме подготвен договор кој нашите клиенти можат да го склучуваат со нивните клиенти.

Инсталации на скрипти: Joomla, Wordpress итн

 

Често, при инсталацијата на Joomlа, и покрај внесените точни податоци, може да се појави грешка:

Не можете да се поврзете на дата-базата. Could not connect to the database. Connector returned number: Error connecting to PGSQL database.

Решение за ова е да се промени "localhost" на "127.0.0.1", бидејќи тоа е исто.

 

Да, знаеме дека една од големите придобивки на WordPress, Joomla и другите се огромната количина додатоци, благодарение на активноста на друштвото на Интернет корисници. Предлагаме редовно да си ги ажурирате вашите модули, шаблони, приклучоци (plugins) и сл.

Ние, за сите елементи, обезбедуваме заштита и не дозволуваме скрипти од непознато потекло да им наштетат на вашите веб-сајтови. На Smarthost серверите, ние имаме имплементирано систем за заштита од повеќе од 4000 експлоити.

https://www.smarthost.mk/anti-exploit-system

 

Кога инсталирате Joomla 1.5.20, се случува да се појави синтаксичка грешка (syntax error).

Грешката е поврзана со фактот што верзијата 1.5.x е стара верзија од Joomla, а на серверот е инсталиран сервер со дата-бази MySQL во верзија 5.6.x.

Joomla 1.5.x може да се инсталира со помош на рачна модификација на инсталационите скрипти, но сепак НЕ препорачуваме инсталирање на такви стари верзии заради можен пад на безбедноста.