Техничка позадина – податочен центар и пропусен опсег

Сите Smarthost сервери се лоцирани во наш сопствен податочен центар (ние не ги распоредуваме наште машини на никакви други места). Како ISP (провајдер на интернет услуги), имаме неколку независни backbone провајдери (oрганизации кои обезбедуваат пристап до брзи линии за пренос што ги поврзуваат корисниците со Интернет). Дополнително, поврзани сме со неколку Internet Exchange Points (точки за размена на интернет). А, напредното рутирање ни дозволува динамички и оптимално да го дистрибуираме интернет сообраќајот.

Повеќе

Техничка позадина – сигурност на електричното снабдување

Smarthost податочниот центар се снабдува со енергија од независна и посебна линија за снабдување со електрична енергија. Со цел да се обезбеди континуитет во нашите серверски системи, навикнати сме да користиме автоматско префрлување на напојувањето. Стабилноста на енергија е обезбедена, меѓу другото и преку: автоматско префрлување помеѓу примарните и резервните извори на енергија...

Повеќе

Техничка позадина - ладење, климатизација, влажност

Со цел да се обезбедат идеални услови за работа на опремата и да се обезбеди сигурна работа на ладење и одвлажнување на серверската соба, користиме независни клима уреди. Тие имаат многу широк спектар на можности со целосна контрола на влажноста (одвлажнувањето), далечинско управување и следење. Тие се поврзани со посебни струјни кола, различни од оние во серверската соба.

Повеќе

Техничка позадина - следење, безбедност, следење на пристап

Податочниот центар е опремен со сеопфатен алармен систем, кој покрај стандардните сензори за движење, детектори за пожар и чад, има дополнителен систем за видео надзор кој овозможува постојан преглед на ситуацијата во серверските соби. Просториите се заштитени од специјализирана агенција за обезбедување. Пристапот до собите е обезбеден со, меѓу другото, индивидуални кодови за пристап за нашите вработени.

Повеќе