За компанијата Smarthost
Нудиме професионални хостинг услуги во сопствена серверска просторија лоцирана во Полска. Нашите услуги се карактеризираат со висок технички квалитет и беспрекорна корисничка поддршка.
team

За Smarthost

Smarthost нуди професионални хостинг услуги од 2016 година. Нашата главна цел е обезбедување на најквалитетни хостинг услуги и одлична корисничка поддршка. Нашите администратори обезбедуваат комплексна и брза техничка поддршка. Нашата главна цел е достапност, брза и прецизна помош за клиентите. За секој пакет купен кај нас обезбедуваме 24 часовна поддршка на chat, е-маил и телефонски. Благодарение на мотивираниот кадар, Smarthost е идеално место и за почетници кои штотуку ја започнуваат својата авантура со интернет-страницата, како и за искусни клиенти. Постојано се грижиме за развојот на инфраструктурата како и воведување нови решенија за нашите клиенти. Благодарение на сопствената серверска просторија во Полска можеме да обезбедиме беспрекорно функционирање на услугите.

Smarthost Инфраструктура
Поседуваме сопствена серверска просторија - не користиме услуги за колокација во надворешни дата-центри. Нашата серверска просторија се наоѓа во Полска. Како давател на интернет услуги поседуваме врски од неколку независни полски оператори. Врските се обезбедени преку неколку независни географски правци. Серверската просторија Smarthost.pl се напојува од независни енергетски трафостаници. Фактори од типот: вишок на врски заснована на BGP протоколот, сопствени класи на IP адресите, поврзување со две одделни енергетски трафостаници, напојување во итни случаи ups, противпожарни апарати, употреба на брендирана современа опрема, 24 часовен надзор на мрежата и серверите се елементи кои ни овозможуваат да одржиме највисок квалитет и сигурни услуги.
Smarthost Тим
Smarthost не е само брзи сервери и проверени решенија, туку пред се луѓе кои го сакаат она што го работат. Нашите администратори, претежно се луѓе со долгогодишно искуство во хостинг сферата. Постојано се грижиме за развојот и едукацијата на нашите вработени. Интернетот е нашата страст, а кога се работи она што се сака се постигнува најголем ефект. Можеме да се пофалиме, дека сме сертифицирани администратори на cPanel University со највисок степен на сертификација (CWSA - CPANEL & WHM SYSTEMS ADMINISTRATOR). Како уигран тим се стремиме да им обезбедиме најквалитетни услуги на нашите клиенти, и да воведеме нови ефикасни решенија.
Наша методологија и цели
Во Smarthost не даваме лажни ветувања. Горди сме на она што го работиме и гарантираме, дека нашите услуги ќе бидат повеќе од задоволителни. Ги поддржуваме компаниите во остварување на нивните бизнис цели преку креативно и свесно користење на современите интернет технологии. Нашата цел не е само продажба на хостинг услуги, туку и да им обезбедиме на нашите клиенти беспрекорни услуги. Гаранција на успехот е континуиран и сеопфатен развој на понудата, најквалитетни услуги и прилагодување кон очекувањата на Клиентите.

Некои од нашите Клиенти се:


Зошто Smarthost?

Постојат илјадници доставувачи на хостинг услуги ширум светот, и секој од нив прави се за неговите клиенти да бидат задоволни. Во Smarthost важно ни е нашите услуги да ги обезбедуваме на најдобар можен начин, со многу страст кон она што го работиме. Како приватна компанија, која не е водена од профит и многу инвеститори, искрено можеме да кажеме, дека го разбираме Вашиот бизнис подобро од повеќето други доставувачи. Сме поминале низ истите етапи во светот на бизнисот, како и Вие, па знаеме со какви предизвици се соочувате секој ден. Се водиме исклучиво од задоволството на нашите клиенти. Нашата страст и задоволство доаѓаат преку обезбедување на исклучителни услуги на нашите клиенти, од кои се позадоволни од тоа што од нас го очекувале. Благодарение на ова од 2016 година постојано се развиваме како фирма. Со гордост можеме да кажеме, дека Smarthost услужил повеќе од 10 000 задоволни клиенти ширум светот.


0
сервери
0
задоволни клиенти
0
домени
0
разговори


Нашиот ТИМ

Сака мир и спокојство а исто така и патувања, слободното време го користи за планирање на наредни патувања.
Kasia
После работа спортски ентузијаст и страствен гејмер. Во слободно време игра фудбал, не само онлајн.
Emil
Во слободните вечери со пријателите сака да гледа добра серија. Исто така сака спонтани патувања на интересни места
Damian