Партнерска програма

Партнерска програма

Доколку имате интернет страница и ги рекламирате нашите хостинг услуги (на пр. во форма на рекламен банер) тогаш можете и да заработувате.

За кого е партнерската програма?

  • за фирми (плаќаме со фактури)

Колку може да се заработи во партнерската програма?

Заработувате со секоја купена услуга, кога купувачот ќе влезе на нашата страница и ќе нарача хостинг услуга. Од тој момент услугата припаѓа во Вашата мрежа. Заработувате за секое обновување на услугата – може да се каже, дека заработувате цело време, се додека клиентот плаќа за услугите.

Провизии:

  • за регистрирање на хостинг услуга: 20 % од цената за регистрацијата
  • за продолжување на хостинг услугата: 5% од цената за продолжувањето

Провизијата Ви ја исплаќаме кога ќе се собере сума од минимум 25 евра.

Како функцинира ова?

Клиентите се идентификувани врз основа на единствена URL адреса од партнерот. И затоа, за да соберете провизија, купувачот мора да изврши купување со влез преку специјална адреса која треба да биде под сите банери на Вашата страница.

Понекогаш се случува клиентот само да влезе на страницата, но не купува веднаш туку само на пр. ја гледа понудата, а купувањето го остава за попосле. Кај нас, секој клиент е идентификуван преку т.н. колаче (cookie), кое влегува на неговиот компјутер во момнтот на влез кај нас преку банерот на Вашата страница. Колачето е активно 180 дена.

Значи, ако за време од пола година од првиот влез преку Вашиот банер клиентот купил услуга, за Вас ќе биде пресметана провизија како наш партнер.

Внимание: провизиите се пресметувани автоматски за услугата хостинг. Доколку се работи за други услуги како vps, или дедицирани сервери, во тој случај ве молиме пишете ни пред првата уплата, информација за тоа кој е партнерот, бидејќи не се запишува автоматски.

Дали морам да бидам Ваш клиент, за да ја користам партнерската програма?

Не, не мораш да ги користиш нашите услуги. Партнерската програма е всушност заработување преку препорачување услуги. Ве молиме третирајте го тоа како бизнис зделка. Ние секако Ве охрабруваме да купите некоја од нашите услуги кои се со висок квалитет, но не е задолжително.

Како да почнам?

  • партнерска програма со отворање хостинг сметка

  1. креирајте хостинг сметка (пакет по избор)
  2. во корисничкиот панел влезете во "Партнерска програма"
  3. По кликнувањето дека сакате да земете учество во неа, ќе се генерира уникатен партнерски линк, и благодарение на сите купување, кои се извршени со кликнувањата во тој линк, провизијата се собира на Вашата сметка.

  • партнерска програма без отворање хостинг сметка

  1. кликнете на линкот подолу и регистрирајте се во партнерската програма
  2. ако некогаш сакате да ги користите нашите хостинг услуги, ќе треба да се најавите со истите овие податоци

Регистрирај се на партнерската програма

WordPress Хостинг

Брзина и ефективност: ssd дискови, http/2, многу cache методи, бесплатен пренос на податоци, бесплатни SSL сертификати

Joomla Хостинг

Брзина и ефективност: високо I/O, голема RAM меморија, ssd дискови, http/2, бесплатни SSL сертификати, техничка поддршка

PrestaShop хостинг

Сигурност и ефективност: потполна одвоеност, анти-експлоитна технологија, ssd дискови, http/2, бесплатни SSL сертификати.

Дедицирани сервери

Секаде, каде што се потребни високи компјутерски перформанси, можете да изберете еден од нашите дедицирани сервери во нашата сопствена серверска просторија лоцирана во Европа.

VPS сервери

Кога морате да поставите оперативен систем на нашата хостинг платформа, добро е да изберете сопствен VPS од cPanel и пристап до root.

Регистрација на Домени

На Smarthost можете да регистрирате неколку стотици видови домени од целиот свет. Нашите цени се прифатливи за сите.

Cookies settings

Your current state

Show details